• Сподели на:

Трета среќа: Ким Кардашијан се омажи за Кање Вест!

___

Додека некои едвај чекаа оваа парада на кичот да заврши, Ким потроши милиони на како што она кажа, скромната свадба со Кање Вест во Фиренца.

Ким Кардашијан пред два дена го кажа судбоносното ,,Да” на раперото Кање Вест. И како да и е ова прва венчавка таа максимално се потруди да биде што повеќе екстравагантна.

Венчавката се одвиваше во Фиренца пред 600 гости, кои пред тоа им се придружиле и во Франција на гламурозната вечера која претходеше на венчавката.

Се зборува дека старлетата гостите ги послужила со илјада литри најквалитетен шампањ. За штедење и  скромност тука немаше место, па гостите биле примени и угостени во Версај, а им пеела Лана Дел Реј.

На забавата присуствувале и дизајнерите Валентино и Александар Ванг, британскиот водител Стив Меквин, тенисерката Серена Вилијамс и многу други.

Меѓутоа, помладиот брат на Ким, Роб Кардашијан не се појавил на венчавката бидејќи осеќал притисок поради својата дебелина. Наводно, старлетата се налутила на него бидејќи не ослабел за нејзината венчавка, а Роб повторно се осеќал како Ким да се грижи за него само кога треба да се фотографираат.

Тој дошол на венчавката, но одма потоа отишол дома со образложение дека ,,доста му е од тоа површано сра.е”, наведуваат изворите.

Очувот на Ким, Брус Џенер ја испратил младата до олтарот како и минатиот пат, но и тој потоа заминал дома поради сопствени причини.

Девојачката вечера на старлетата била како матурска забава, бидејќи девојките пијани прославувале по улиците на Париз.


Оставете коментар

___