• Сподели на:

Тежината не им е важна: Познатите и нивните крупни жени

___

Во Холивуд постои непишано правило дека познатите и згодни мажи мора да бидат во врска со некоја витка и подеднакво згодна убавица. Меѓутоа, не сите холивудски ѕвезди се прдржуваат на тоа правило, и некои од нив се во љубов со жени кои немаа посакуван и општоприфатен облик на телото.

Тие се славни, богати, духовити, некои од нив се миленици на жените ширум светот. Би можеле да бидат во врска со најатрактивните убавици со манекенска фигура, но одбрале полнички поубави половини, кои се, според нивните зборови, прекрасни и најубави жени на светот. Погледнете за кого станува збор.

Пирс Броснан

Еден од ликовите на Џемс Бонд, актерот Пирс Броснан е во брак со Кили Шеј од 2001 година. Иако таа беше прилично послаба кога се запознале во 1994 год., нејзината промена на фигурата во текот на годините никогаш не му пречела, а Кили е редовен партнер во сите појавувања на Пирс на црвениот тепих.

pirs-brosnan-i-kili-sej-smit-1393931283-28984

Хју Џекмен

Кога австралиската актерка Дебора Ли Фурнис се најде на мета на критиките на медиумите поради нејзината тежина, таа се потпре на поддршката на нејзиниот сопруг Хју Џекмен. Во едно интервју таа зборувала за него:

“Ако се почувствувам лошо или мислам дека сум се запуштила, разговарам со Хју и тој ми вели: “Драга, ти си преубава!” Претпоставувам дека кога сакате некого, таа личност секогаш ви изгледа убаво”, изјавила актерката и додала:

“Тој никогаш не рекол дека сум се здебелила или дека не изгледам добро, никогаш! Навистина сум благословена бидејќи имам сопруг кој секогаш го гледа само најдоброто во мене”, заклучила Дебора.

hju-dzekmen-i-debora-li-ferns-1393931363-28988

Бен Фалконе

Актерот Бен Фалконе кој се појави во филмовите “Деверуши” и “Што да очекувате кога очекувате бебе”, е во брак со актерката Мелиса Мекарти. Оваа двојка беше во долгогодишна врска пред да стапат во брак во 2005 година, а сега имаат две ќерки и делуваат како хармонична двојка.

ben-falkone-i-melisa-mekarti-1393931453-28990

Семјуел Л. Џексон

Познатиот актер Семјуел Л. Џексон се ожени со Ла Тања Ричардсон во 1980 година и заедно имаат ќерка Зое. Ла Тања исто така била актерка се додека не ја родила ќерката. Навистина е чудо како оваа двојка опстојала сиве овие години, бидејќи таквите бракови во Холивуд се права реткост.

semjuel-l-dzekson-i-la-tanja-ricardson-1393931561-28992

Џефри Аренд

Во овој случај, отскокнувањето од холивудскиот поим на убавина воопшто не е лоша работа. Напротив, многумина веруваат дека актерката Кристина Хендрикс изгледа толку добро што останатите дами би требало да се засрамат од нивниот слаб изглед.

Тоа веројатно го мисли и нејзиниот сопруг, слабичок и симпатичен Џефри Аренд, за својата секси сопруга со сите женски облини. Двојката се венча во 2009 година, а Кристина целосно заљубена го опишува Аренд како “старомоден, нежен и прекрасен”.

dzefri-arend-i-kristina-hendriks-1393931620-28994

Ник Кенон

Познатата и наградувана пеачка Мараја Кери, за време на нејзиниот живот често се бореше со вишокот килограми. Меѓутоа, тоа немаше никакво влијание на водителот Ник Кенон. Се запознаа во 2005 година, а се венчаа во 2009 само по шест недели забавување. Ник за својата полничка сопруга вели: “Таа е сè уште една од најубавите жени во светот”

nik-kenon-i-maraja-keri-1393931686-28996


Оставете коментар

___