По што во јавноста стигна шокантната снимка на која се гледа како Соланж го напаѓа Џеј Зи по Мет балот, сите се занимаваа со претпоставки за тоа што довело до тоа. А сега конечно и самите тие се огласија за настанот.
Во заедничко соопштение, кое вчера го издале Соланж, Џеј Зи и Бијонсе, стои:
,,По објавената снимка, имаше многу шпекулации за тоа што доведе до овој немил настана. Најважно од се е дека нашата фамилија успеа тоа да го преброди. Џеј Зи и Соланж заедно ја прифаќаат одговорноста за она што се случи. Двајцата имаа придонес кон тоа што оваа приватна работа стигна до јавноста. Се извинија еден на друг и продолживме да живеем заедно како сложна фамилија”.
Понатаму во соопштението стои:
,,Тврдењата дека Соланж била под алкохол и дека се однесувала ирационално не се вистинити. На крајот, секоја фамилија има свои проблеми и ние не сме ништо поразлично. Се сакаме и пред се сме фамилија. Го оставивме ова зад себе и се надеваме дека и другите ќе го направат тоа”.
Исто така Њујоршкиот Стандард Хотел, каде што се случи овој инцидент, соопшти дека личноста одговорна за објавување на снимката е отпуштена.

You must be logged in to post a comment Login