Само неколку дена откако пејачката Шакира призна дека нејзиниот партнер, фудбалерот Жерард Пике, не ѝ дозволува да прави дуети со мажи, откри дека и самата има некои правила.
“Дуетот со Ријана беше дозволен бидејќи се работи за жена, но кога се во прашање мажите, веќе не е како што беше некогаш”, откри Шакира која вели дека стапиле нови правила на сила откако е во врска со Пике.
Меѓутоа, не е само фудбалерот тој кој имал свои барања кон убавата Шакира, туку и самата пејачка вели дека таа му забранила да работи со женски модели.
Иако изледа дека взаемно се ограничуваат на некој начин, тоа ни малку не му смета на овој пар, а Шакира дури изјавила дека тој однос на Пике ѝ ласка.
“Добро е кога покрај себе имате заштитнички настроен маж”, тврди пејачката.

You must be logged in to post a comment Login