• Сподели на:

Шарлиз Терон: Мамеше воздишки на плажа во Мајами

___

Преубавата Шарлиз Терон навистина е единствена личност на светот, бидејќи спаѓа помеѓу ретките глумици кои пристапуваат на скоро невозможни трансформации и услови за во своите филмови да бидат што поубедливи. Поради филмот “Монструм” пред повеќе од десет години мораше да се здебели 15 килограми за да изгледа страшно. За потребите на продолжението “Mad Max” ја избричи главата, а на снимањето на “Eon Flux” за малку ќе го скршела вратот. Меѓутоа кога се слика за престижни магазини, станува збор за сосема друга приказна. Кога работи на едиторијали, посебно оние кои се на отворено, таа го одзима здивот на секој кој ќе се најде во близина, па дури и на познатите фотографи. Минатат неделa го “запали” брегот на Флорида, кога во едноделен костим за капење прошета на плажата во Мајами. По тоа со глисер отпловиле каде што се сликала со опрема за гњурење.


Оставете коментар

___