Не е тајна дека врската на Ријана со раперот Крис беше проблематична, па не е ни чудно што нејзините блиски го подржуваат Дрејк.
Ријана изгледа официјално ја преболе бурната романса со Крис Браун и е спремна за озбилна врска со Дрејк, а овие вести посебно ја израдуваа нејзината фамилија, која смета дека направила правилен избор.
Дрејк знае дека она мораше да се ослободи од Крис. Мораше да преброди многу од тоа, но Дрејк е совршен “противотров”. Нејзиното семејство е пресреќно што работите излегоа така. Се надеваат дека врската со Дрејк ќе стане сериозна и криво им е што во минатото не им успеало. Дрејк е добар пријател со нејзиното семејство, па дури и се дружел со нејзината сестра Саманта кога бил во Берлин минатиот месец.
Ријана и Дрејк прв пат се поврзаа во 2010 година, но ситуацијата се искомплицира бидејќи таа почна да се зближува со Крис. Оваа ситуација ескалираше кога раперите се степаа во еден клуб во Њујорк во јуни 2012 години. Но според некои извори, нејзините чуства кон Дрејк никогаш не биле во прашање.
“На многу начини таа никогаш не престана да го сака и цело време се гледаа тајно. Тие се совршени еден за друг, и таа одлучи да не го пушта повеќе” тврди изворот.

You must be logged in to post a comment Login