Во спотот на новата песна Empire, Шакира се појавува во венчаница, па многумина од нејзините обожаватели се запрашаа дали таа и нејзиниот партнер Жерард Пике ќе застанат пред олтар.
Тоа што во спотот на песната Empire Шакира се појавува како невеста не е сигнализација дека пејачката ќе заплови во брачните води.
Шакира (37) во едно интервју за Primer Impacto неодамна открива дека во овој период не размислува за свадба. Таа изјавила дека со својот партнер Пике се заедно во врска 4 години, имаат син и се многу среќни.
“Кога се чувствувате исполнето нема потреба да се размислува за свадба. Било што било, Пике е сега мој”, изјавила Шакира.
Очигледно е дека станува збор за среќно заљубена двојка. Неодамна Шакира изјавила дека не може ни да објасни колку е вљубена во својот дечко – фудбалер: “Имам напишано многу љубовни песни за Жерардо, но никогаш не е доволно. Мислам дека заслужува да му напишам милион љубовни песни,” изјавува Шакира.

You must be logged in to post a comment Login