• Сподели на:

Ријана е прогласена за модна икона за 2014

___

Здружението на американски дизајнери ја прогласи популарната пејачка за модна икона, а наградата ќе и биде доделена  на 2 јуни во Њујорк на свеченоста по повод годишнината на здружението.

Ова големо признание се доделува на познатите личности чиј стил на облекување има најголемо влијание на поп културата во целиот свет.

Претходни добитници на оваа награда се пејачката Лејди Гага, манекенката  Кејт Мост и глумицата Никол Кидман.

Ријана заедно со Еминем во Август во Лос Анџелес ќе ја започнат својата мини турнеја.


Оставете коментар

___