Здружението на американски дизајнери ја прогласи популарната пејачка за модна икона, а наградата ќе и биде доделена на 2 јуни во Њујорк на свеченоста по повод годишнината на здружението.
Ова големо признание се доделува на познатите личности чиј стил на облекување има најголемо влијание на поп културата во целиот свет.
Претходни добитници на оваа награда се пејачката Лејди Гага, манекенката Кејт Мост и глумицата Никол Кидман.
Ријана заедно со Еминем во Август во Лос Анџелес ќе ја започнат својата мини турнеја.

You must be logged in to post a comment Login