• Сподели на:

Ријана е бремена?

___

Светски познатата Ријана до сега не била личност за пример, се забавувала до раните утрински часови, пиела и пушела марихуана. Исто така тука се и тетоважите кои се појавуваат на нејзиното тело во се поголем број. Меѓутоа сега сите ги изненадила веста поради која ѕвездата од Барбадос ги оставила сите пороци, заради кои почнале шпекулации дека таа е бремена.

Пејачката поради својот начин на живот за малку ќе останела без договор со својот продуцент Џеј Зи, кој не бил задоволен со нејзиното однесување, кој рекол дека ако продолжи со таквото однесување, ќе ја уништи својата кариера. Но на сето тоа му дошло крај. Таа престанала да пие, пуши и да конзумира марихуана и почнала да живее здрав живот.

Тоа ги навело нејзините пријатели да помислат дека пејачката е во блажена состојба со сегашниот дечко Дрејк, со кого и претходно се забавувала. Таа дури и на неговата турнеја избегнувала задимени простории и не пиела алкохол. А пак познато е дека често се враќала на Крис Браун, така што не е исклучено детето да е од него.

4

 


Оставете коментар

___