Иако нејзината ревија вазжеше за една од најпознатите на модната недела во Њујорк, Викториа Бекам не е единствениот член на фамилијата што го задржа вниманието на медиумите. Малото девојче полека но сигурно ја гради својата репутација во овој свет.
Тригодишната Хрпер изгледаше апсолутно симпатична додека седеше во првиот ред со својата мајка и внимателно ја следеше модната колекција.
Таа беше облечена во мал црн фустан и лаковани црни кондури. Иако е постара од малата Норт Вест, Харпер мирно седеше во скутот на својот татко во друштво на постарите браќа и со задоволно го гледаше еден од најважните модни настани.
Рано истиот ден тригодишната принцеза беше забележана на аеродоромот каде пристигна со своите родители и повторно покажа дека децата може да остават солиден впечаток кога станува збор за стилот и елеганцијата.
Овој пат оваа мала лепотица беше облечена во фармерки, камел боја на чозми, црвена ролка и дамски капут. Нејзиниот холивудски стил беше надополнет со шешир кој безпрекорно одговараше на целокупниот импакт.
Само капутот кој е од брендот Моналиса чини 213 фунти, а останатиот дел од гардеробата е од брендот Клои од новата колекција.
Доколку сакате вашето дете да го обезбедите со овие прекрасни парчиња нема да бидете во можност, бидејќи сеуште овие парчиња не се појавени во есклузивните бутици.