• Сподели на:

Познати парови кои трошат безобразно многу пари за облека

___

На обичните смртници им паѓа во очи кога секој ден ги гледаат со нови парчиња, и уште под рака, стилски ускладени во пар. Еве кој е главен:

Оливиа Палермо е позната американска стилистка, но таа титула сама по себе не би имала толку значење, ако не се наметнеше на целиот свет како вистинска трендсетерка. Не е чудо што нејзиниот вереник исто така ја сака модата. Барем така изгледа кога ги забележуваме низ градот – секогаш ускладени и дотерани! Исто како Џесика Алба и Кеш Ворен.

За Викторија Бекам не треба многу да зборуваме. Таа е призната дизајнерка која носи сопствен потпис. Подеднакво во модата ја следи и нејзиниот сопруг Дејвид, дали по негова волја, или по нејзин избор.

Кејт Босворт и Мајкл Полиш се уште еден познат моден пар кој често сака да изненади при појавување на јавни места. Уште еден супер моден пар, за кој всушност се шпекулира дека ја прекинале врската, меѓутоа тоа уште не е официјално потврдено, се Ева Мендес и Рајан Гослинг.

Богатата наследничка Тамара Еклстоун, која во моментов е бремена, очигледно ја пронајде нејзината сродна душа, Џеј Рутланд.  Богати, славни и со стил. А особено Кортни Кардашиан и Скот Дисик.

Ниту музичарот Чад Крегер и пеачката Аврил Лавињ не поминуваат незабележливо низ градот. Тие го негуваат уличниот стил, и секогаш одлично покажуваат како се носи она што е во тренд. Секако, во пар!

 


Оставете коментар

___