Тие секогаш мораат да бидат различни.
Познатите вљубени “гулапчиња” Бред Пит и Анџелина Џоли планираат да направат иста тетоважа, а поводот е нивната венчавка.
Парот, кој има шест деца, одлучи со каква тетоважа ќе ја одбележат својата долгоочекувана свадба.
“Бред сака да направи нешто навистина посебно, а искрено, поводот е малку чуден. Но, тие сакаат тетоважи со ист дизајн и на исто место на нивните тела “, изјави изворот. “Бред се однесува како тинејџер откако тој и Анџелина одлучија да направат идентични тетоважи”, додаде тој.
“Немојте да мислите дека тетоважите ќе бидат видливи. Веројатно е дека ќе медиумите ќе ја имаат само информацијата дека тетоважата е направена, но знакот на нивната љубов ќе остане скриен”, изјави изворот.

You must be logged in to post a comment Login