За некој кој има пораснато во Лондон, Холивуд делува како митско место“ вели познатиот глумец.
Британскиот глумец Орландо Блум, ѕвезда на филмовите „Пиратите од Карибите“, „Господар на прстените“ и „Хобитот“, ја доби својата ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд, а на церемонијата дошол со својот тригодишен син Флин.
Глумецот, кој својата популарност не ја должи само на богатата филмска кариера, туку и на врската со познатата австралиска манекенка Миранда Кер, од која се разведе минатата година, ја откри 2.521-вата ѕвезда со своето име на прочуениот холивудски булевар.
– За некој кој има пораснато во Лондон, Холивуд делува како митско место – изјавува Блум
Орландо посебно се заблагодари на своите обожаватели без кои како што вели „се ова не би било можно“. На церемонијата присуствувале и глумецот Форест Витакер, режисерот Дејвид Лево како и родителите на Блум, Соња и Колин. Главната ѕвезда на свеченоста меѓутоа беше малиот Флин кој прв зачекори на ѕвездата од неговиот татко.
Погледнете го видеото:
httpv://www.youtube.com/watch?v=TQyQU10WmRg



You must be logged in to post a comment Login