Го паметиме од филмот ‘Телохранител’ во кој глумеше со трагично загинатата Витни Хјустон, но и по филмот ‘Танц со волците’ кој доби Оскар за најдобар филм во 1991 година. Истата година и тој освои Оскар за најдобар режисер.
Денес , 59-годишниот Кевин Костнер живее повлечено на својот имот со 20 години помлада сопруга, Кристин, а неговиот ангажман во брендот Жак Леман е вистинско доживување. Всушност, токму Кевин стана глобален амбасадор на австрискиот бренд за часовници.
Но, соработката не запира тука, бидејќи во текот на првото тромесечје на 2014 година, актерот ќе лансира своја сопствена колекција на часовници за Жак Леман. Првата фотографија од кампањата во која е ангажирана и неговата сопруга, Кристин ја снимил познатиот форограф Мајк Азато, а снимањето се одржа во Санта Барбара.

You must be logged in to post a comment Login