• Сподели на:

Најголемите грешки на Ким Кардашијан : Инвестира премногу пари во својот изглед, но тоа не и помага  

___

Ким Kaрдашијан многу вложува  во својот изглед, но без оглед на тоа колку напорно се обидува често нејзините модни избори се критикувани. Дури и кога не треба таа инсистира на сексипил, а најмногу грешки прави кога е моделот во прашање. Ова се некои од нејзините најголемите неуспеси во последните неколку години.

 

Сивиот комплет со шорц  дефинитивно не е тип на облека која таа треба да ја носи. Горниот дел воопшто не е добро искомбиниран  со остатокот од гардеробата.

 

Ким во периодот кога беше русокоса , кога и изборот на боја на коса и беше лош. Сатен комблизон со длабоко деколте од кое може да се види нејзиниот градник повеќе личеше на пар пижами и бањарка.

 

На промоцијата на нејзиниот парфем Ким се појави во креација која беше во тој момент, барем што се однесува до бојата, апсолутен хит. Тренд кој владееше со светот наречен “color blocking” и подразбира спојување еднобојни парчиња гардероба, дотогаш неповрзани нијанси, често дури и спротивни. Сепак, старлетата не избра добар модел, па Гучи креациата ја покажуваше нејзината слаба точка – стомакот.

Најголемите модни грешки таа ги правеше за време на бременоста. Мајката на малата Норт Вест не водушевуваше со вкусот, особено со претесните фустани кои беа апсолутен минус. Црниот фустан, со широки ракави направи да Ким изгледа уште покрупна.

 

Друг пример на погрешен избор што го носеше е на церемонијата на актерка Мет Гала. Живанши скреацијата беше дочекана со многу критики. Тука не станува збор само за фустанот, туку и за сандалите и ракавиците  кои беа сосема истата нијанса како и фустанот.

 

Погледнете некои од останатите остро критикувани модни грешки на Ким

 


Оставете коментар

___