Мила Кунис конечно потврди дека чека бебе со веренико Ештон Качер. Гласините за бременоста, глумицата ги потврди на гостувањето на емисијата кај Елен Деџенерис, но не сакаше да открива премногу детали. Так одби да даде одговор на прашањата за терминот на пораѓање и полот на бебето, изјавувајќи дека таа и Ештон веќе одбрале име, и дека сака да се породи по природен пат.
,,Сакам да се породам по што поприроден пат, освен ако не дојде до некој итен случај”, кажала таа.
Мила, која е родена во Украина, на водителката и открила дека нејзиниот иден сопруг тргнал на часови по руски, како би можел да разговара со детето и на нејзиниот мајчин јазик.

You must be logged in to post a comment Login