• Сподели на:

Лотар Матеус доби син!

___

Поранешниот германски фудбалер Лотар Матеус повторно стана татко. Тој заедно со својата девојка Анастасија добија синот на кој му го дадоа име Милан.

-Милан е името кое го имав на ум. Тоа е едно од двете имиња кое го сакаше Анастасија. Така се договоривме – изјави Лотар.

Русинката Анастасија и Лотар заедно со својот син ќе живеат во Будимпешта. На Лотар ова му е четврто дете, а втор син. Претходно тој четири пати бил во брак. Од првиот брак ги има ќерките Алиса (28) и Виола (26), од вториот синот Лорис (22), а од наредните два брака нема деца.


Оставете коментар

___