• Сподели на:

Конечно! Леонарди ДиКаприо освои “Оскар”!

___

Многумина беа разочарани кога на Леонардо ДиКаприо, повторно, го пропушти Оскарот. Исто како вас, разочарани беа и жителите на рускиот град Чељабинск.

Здружението на актери од овој руски град беа разочарани со фактот дека Американската филмска академија не му го додели Оскарот за најдобра машка улога на Леонардо ДиКаприо. Потоа тие одлучија да превземат нешто во врска со тоа.

Руските актери се организираа и го контактираа Лео со образложение дека тие ќе му доделат Оскар. Разликата е во тоа што нивниот Оскар не е златен, направен е од железо.

“Трофејот кој одлучивме да му го доделима не Леонардо е многу сличен со оригиналниот Оскар. Нашиот има помускулесто тело и за нас ја претставува силата на волјата. Освен рускиот Оскар, сакаме да му посочиме на Лео никогаш да не се откажува и секогаш да гледа напред со надеж дека ќе го освои вистинскиот Оскар”, истакнаа руските актери.

 

 


Оставете коментар

___