• Сподели на:

Клои Кардашијан е во врска со популарен рапер

___

Клои Кардашијан е се поблиска со раперот Френч Монтан, а парот е виден во повеќе дискотеки во Холивуд минатиот викенд.

Се чини дека риалити ѕвездата реши да го заврши својот брак со Ламар Одом, иако сеуште ги нема потпишано документите за развод кои Клои му ги достави уште во Декември минатата година.

Во почетокот на оваа година беше објавено дека Ламар Одом уште не е спремен конечно да се раздели од Клои.

‘’Ја сакам својата жена. Таа секогаш ќе биде дел од мојот живот, без разлика на се’’,изјави тогаш Ламар.

Меѓутоа овој викенд Клои е видена со Френч Монтан на прославата на 16 роденден на синот на Пи Диди. Клои носеше тесен црвен фустан  и кондури во истата нијанса.

Гласините дека тие се заедно прв пат се појавија минатата недела, кога магазинот Star објави дека парот е нераздвоен иако штотуку почнаа да се забавуваат.


Оставете коментар

___