• Сподели на:

КЛЕПТОМАНКИ: 10 познати дами кои се фатени како крадат иако имаат милиони

___

Дали поради болест или возбуда, но некои дами се фатени како крадат и по неколку пати, поради што морале да платат казни но и да вршат општествено корсина работа

Џејсон Александар  Бритни Спирс, Винона Рајдер, Меган Фокс и Линдзи Лохан се само неколку од познатите дами кои се фатени како крадат, иако имаат милиони.

Дали поради болест или возбуда, но некои дами се фатени како крадат и по неколку пати, поради што морале да платат казни но и да вршат општествено корисна работа.

Меган Фокс

Додека била тинејџерка, Меган Фокс во стоковната куќа Вол Март на Флорида украла сјај за усни, Поради тоа, засекогаш и бил забранет влез во сите Вол Март стоковните куќи ширум светот.

Фара Фосет

Актерката дури два пати била фатена како краде облека. Додека продавачките повикувале полиција, Фара веќе имала смислен одговор – претходно и била продадена роба со грешка, без притоа да биде инфромирана, а потоа не сакале ниту да и ги вратат парите, ниту да и ги заменат артиклите.

Бритни Спирс

На пеачката, дури неколку пати „заборавила“ да ги плати артиклите кои ги земала. Така, од бутик излегла со маица, од бензинска пумпа украла запалка, а во секси-шоп украла перика.

Линдзи Лохан

Линдзи навистина има лепливи прсти. Во февруари 2011 година беше осудена со 480 часови општествено корисна работа и 120 дена затвор, кои не ги одслужи, поради кражба на ѓердан од $ 2.000. Уште во 2008 година година беше обвинета дека украла кожна јакна, во 2010 година украла Ролекс, а во август 2012 година украла часовници и очила со вкупна вредност од $ 10.000.

Кристин Кавалари

Кристин имала „излети“ кои вклучувале дрога и разни прекршоци на законот, а дека сака да живее на „работ“ потврдува и фактот дека била фатена како краде. Заедно со три пријателки се обидела да ја „опустоши“ продавницата Tawny K., но била фатена. Сепак, сопственичката не поднела тужба.

Винона Рајдер

Актерката во 2001 година била фатена во стоковната куќа Сакс на Петтата авенија во Беверли Хилс, каде се обидела да украде предмети во вредност од 5000 $. Од продавница се обидел да излезе со Гучи фустани и чанти од брендот Марк Џејкобс, но камери за надзор, а потоа и полицијата, ја фатиле. Таа беше осудена на 480 часа општествено корисна работа и три години условна казна.

Џенифер Капријати

Тоа некогаш беше најдобрата тенисерка во светот, што подразбира големо богатство, но таа сепак ја почувствувала потребата да украде. Џенифер во 1993 година е фатена додека во Флорида се обидела да украде неколку прстени. Вредноста на накитот била околу 15 долари.

Кеша

Кон крајот на 2009 година, во Германија, Кеша одлучила да „прокопа“по контејнерот во кој се остава само облека за Црвениот крст. Без многу да размислува, расфрлила сè, го земала она што и се допаднало и другото го оставила расфрлано на подот. Оваа облека всушност не се плаќа и е наменета за луѓето кои немаат пари сами да си купат облека.

Пичис Гелдоф

Ќерката на Боб Гелдоф била неколку пати фатена додека се обидувала да украде облека.

Тила Текила

Тила е далеку од права дама, а тоа го потврдила кога се одлучила да украде кесичка чипс и пакетче гуми за џвакање. Која ја фатиле рекла дека била многу гладна и дека не можела да издржи. Истовремено, не и паднало на памет да ги плати двата производа.


Оставете коментар

___