• Сподели на:

Ким Кардашијан и Канје Вест го одредија датумот на венчавката

___

Ким Кардашијан и Канје Вест решиле венчавката да се одржи на 24 мај во Париз. Тогаш парот ќе го прослави и првиот роденден на нивната ќерка Норт.

„Тоа нема да виде голема венчавка. Ќе присуствуваат само 150 гости.“ соопштил извор близок до парот.

Деталите за свадбата и понатаму не се познати, дури ни Ким сеуште нема одбрано венчаница.

„Малку разгледав венчаници, но сепак мора повеќе да размислам и да ги испланирам деталите. Многу сум возбудена за сите настани кои следат оваа година. Толку возбудливи работи се случуваат во мојот живот и чувствувам наплив на позитивна енергија. Навистина ќе биде одлично!“ изјавила возбудената Ким Кардашијан.

Славниот пар се вери минатата година на нејзиниот 33ти роденден, а четири месеци пред тоа ја роди Норт Вест, па сега им останува уште венчавката.


Оставете коментар

___