Кејт Хадсон, која веќе три години е верена за фронтменот на групата “Muse”, Метју Беламија, кажува дека сеуште не почнала да го планира венчањето.
Убавата глумица истакнала дека сеуште се надева дека еден ден ќе стои пред олтар, но тоа сеуште не и е приоритет.
,,Заради работни обврски немам време за планирање на венчавка. Ни претстојува напорно лето на кое многу се радуваме. Ќе снимам филм и ќе имам многу обврски ова лето”.
Кејт и Метју, се во врска четири години, а неодамна се најдоа на мета на гласина за раскинување. Сепак славниот пар го негираше тоа, и кажаа дека е шпекулација, а глумицата истакнала дека нивната љубовна врска бара многу труд.
Кејт и Метју имаат двегодишен син Бенџамин, а глумицата има и од претходниот брат десетгодишен син Рајдер.

You must be logged in to post a comment Login