Мајли е жртвено јагне за нешто што веќе подолго време се случува во светот на поп музиката, изјави пеачката.
Кајли Миног застана во одбрана на својата колешка Мајли Сајрус поради честите напади на крититиките кои ги добива последно време и додаде како и се воодушевува поради храброста да направи се што ќе намисли.
Пеачката Мајли Сајрус во последно време често е на насловните страни на светските таблоиди поради скандалозното однесување. Сепак Кајли Миног застана во одбрана на својата помлада колешка бидејќи смета дека пеачката е само жртвено јагне на медиумите.
“Им се воодушевувам на луѓето како Мајли и Ријана, девојки кои не се извинуваат за тоа што го прават. Дали тоа ви е премногу? Тоа е ваш личен вкус. Мајли е сигурно жртвено јагне на нешто што веќе подолго време се случува во светот на поп музиката”, изјави пеачката

You must be logged in to post a comment Login