• Сподели на:

Гвинет Полтроу и Крис Мартин: Помирување на видик?

___

Гвинет со бившиот маж отпатувала на приватен остров на Бахами, по што се рашири веста дека парот има намера да се смири…

 

После најцивилизираниот развод во историјата на разводите, Гвинет и Крис сепак, можеби, имаат намера да ја обноват својата врска. Имено, тие двајца заедно со децата, отпатувале на Бахами каде ќе поминат краток семеен одмор.

-Крис и Гвинет се смееа, ама се гледаа и солзи во нивните очи. Никој не би верувал дека се разведуваат. Водат долги разговори и изгледаат многу среќно – рекол еден сведок од ресторанот каде што бил парот.

Тие и порано изјавиле дека повеќе од година дена се бореле да го спасат својот брак и со тажно срце решиле да стават точка на сето тоа.

Свесзни за фактот дека љубовта помеѓу нив е јака, ама сепак неможе бракот повеќе да функционира, ветиле дека ќе се трудат да бидат прекрасни родители на своите деца и тие да не ја осетат нивната раздвоеност.

А дали овој одмор на Бахами ќе успее да го спаси нивниот брак и да останат во среќна заедница, ни останува да видиме.


Оставете коментар

___