Гвинет се огласи прв пат на друштвена мрежа Twiter, откако таа и нејзиниот сопруг Крис Мартин најавија дека се разведуваат. Холивудската ѕвезда пострави линк со фотографии од семејниот одмор на Бахами.
‘’Нема ништо на хоризонтот’’, напиша глумицата под фотографијата на која се гледа тиркизно плавиот океан со светло плавото небо.
Гвинет Палтро и Крис Мартин ги поминаа на Бахамите претходните две недели во луксузно одмаралиште со своите две деца, за да го избегнат големото медиумско внимание кое настана по објавувањето на нивниот развод.
‘’Кога се заедно, се чини дека меѓу нив постои извесна доза на тензија’’, изјави анонимен извор и додаде дека штом се во друштво на своите деца изгледаат како среќно семејство.

You must be logged in to post a comment Login