• Сподели на:

Елизабет Тејлор: 10 славни цитати на дивата со виолетови очи

___

Таа беше една од најгламурозните холивудски ѕвезди и една од најубавите жени во историјата на филмот. Ѕвездата на филмовите “Клеопатра”, “Одеднаш”, “Минатото Лето” и “Кој се плаши од Вирџинија Вулф”, ќе ја паметиме и по впечаливиот стил кој ги нагласуваше нејзините виолетови очи, сјајна црна коса и убави облини, но и по изјавите кои стекнаа статус на легендарни! Ви ги претставуваме десетте славни цитати изречени од познатата Лиз Тејлор.

1. Имам тело на жена и емоции на дете.

2. Многу сум посветена на бракот. Затоа се мажев осум пати.

3. Кога некој е веќе доволно луд да ми понуди милион долари за фотографирање, јас секако дека нема да бидам глупава за да го одбијам.

4. Отсекогаш признавав дека во животот бев водена од страстите.

5. Необично е како годините не учат на трпеливост. Колку сме постари и имаме помалку време, толку сме и поспремни трепеливо да чекаме.

6. Секогаш можеш да откриеш кои ти се прави пријатели кога ќе се најдеш во некој скандал.

7. Поминав низ сè и сешто. Јас сум “Мајка на Храброста”.

8. Проблемите со луѓето кои немаат никакви пороци е тоа што имаат многу незгодни доблести.

9. На големите девојки им требаат големи дијаманти.

10. Жена која се досадува не вреди ни половина од жената на која и досадуваат мажите.


Оставете коментар

___