Латино дивата Џенифер Лопез на својот Instagram профил објави слика со која не потсетува на семејното фотографирање за списанието “People” кое излезе пред неколку месеци.
– Ја сакам оваа слика – напиша популарната J-Lo за сликата на која позира со своите близнаци Ема и Макс.
Четириесет и пет годишната ѕвезда на фотографијата позира со задоволна насмевка, додека го покажува своето совршено тело во кратка топ маица и фармерки.
Близнаците ги доби во бракот со бившиот сопруг Марк Антони, со кој по разводот остана во пријателски односи, а неоодамна го прославиа седмиот роденден на своите деца.

You must be logged in to post a comment Login