Познатата пејачка и глумица Џенифер Лопез изјави дека никогаш не би направила естетска операција за да го задржи својот младолик изглед.
Во разговорот за едно австралиско радио, Џенифер која ова лето ќе наполни 45 години, откри дека својот беспрекорен изглед го одржува со помош на напорни тренинзи и строги диети.
‘’Преплашена сум од одење под нож. Мислам дека младоликиот изглед може да се постигне и со здрава исхрана и вежбање’’, изјаваи таа и додаде дека некогаш се чувствува несигурно во однос на својот изглед.

You must be logged in to post a comment Login