• Сподели на:

Девет работи кои не сте ги знаеле за Владимир Путин

___

Претседателот Владимир Путин стои зад кормилото на Русија уште од 1999 година, а во овој период наизменично ја вршел функцијата претседател и премиер. Сепак, пред да дојде на власт, поголемиот дел од животот го поминал далеку од очите на јавноста.
Во време кога светот го потресуваат големи кризи, почнувајќи од Сирија, па сѐ до Украина, Путин се најде во центарот на вниманието, а „World post“ ни нуди увид во изненадувачкото минато на рускиот лидер.
1. Владимир Путин пораснал во Санкт Петербург, во стан што го делеле три семејства. Во една прилика изјавил дека се сеќава како ловел стаорци по скалите.
2. Дедо му бил готвач во летниковецот на Ленин, а подоцна и честопати готвел за Сталин.
3. Црниот појас во џудо го добил на 18 години, а дури и денес тренира боречки вештини, кои за него претставуваат животна философија.
4. Со уживање чита шпиунски романи, а во една прилика кажал забележал дека „најмногу од сѐ го фасцинира кога еден, единствен човек, сам, со сопствен труд, успее да го постигне она што не можеле цели армии“.
5. Веднаш по завршувањето на факултетот пристапил кон Советската служба за безбедност и Службата за известување – КГБ (Комитет за државна безбедност), а во 80-тите ѝ помагал на советската тајна полиција при регрутирањето на агенти за шпиунирање на Западот.
6. Путин ги сака своите кучиња , па дури ги носи со себе на политичките преговори. Неговите колеги од другите земји наводно се плашат од некои од нив.
7. Зборува течно германски, но не се снаоѓа баш добро со англискиот јазик.
8. Путин и неговата сопруга објавија дека се развеле во 2013 година за време на паузата на една балетска претстава.
9. Има две ќерки, но сите информации за нивните животи се држат во тајност. Девојките студирале под други имиња, а не е познато ни што работат и каде живеат.

Оставете коментар

___