• Сподели на:

Дали е ова вистинскиот Шерлок Холмс?

___

Новата биографија на познатиот англиски детектив укажува дека е тој инспирација за ликот на Шерлок Холмс

Џером Каминада (1844-1914) бил познат по својата вештина на откривање на злосторства врз основа на логично размислување, а бил мајстор и за лична преобразба и имал широка мрежа на доушници од подземниот свет, исто како и ликот од романот на Артур Конан Дојл.

Во книгата, која ќе биде објавена кон крајот на овој месец, опишани се неконвеционалните методи кои детективот ги користел при своите истраги.  Авторката на книгата Анџела Бакли, воочила дека и Каминада, како и Холмс, имал голем смртен непријател.

Авторката кажува дека Каминада станал национална фигура во истото време кога се создал и ликот на Шерлок Холмс. Има многу паралели кои укажуваат дека Дојл користел делови од вистински лик за создавање на својот, книжевен.

Каминада, по мајка Ирец , а по татко Италијанец, живеел во Манчестер, но решавал случаи низ целата земја и бил центар на внимание на сите медиуми кои детално пишувале за секој негов случај.

Најголемиот дел од неговата кариера ја поминал во манчестерската полиција, а подоцна, како и Шерлок, работел како детектив консултант.  Тој станал познат средината на 1880-те години, непосредно пред објавувањето на првата новела во која за првпат се појавува Шерлок Холмс.

Каминада имал извонредна способност да се преобрази во друга личност, и попознат случај е кога, пратејќи група на крадци, се маскирал толку добро што ни самите полициски соработници не можеле да го препознаат.  Често се маскирал како работник, пијаница, лекар.

Го нарекувале “терор за злосторниците” и “Гарибалди детектив”, дури можел да открие и крадец само по начинот на неговото одење, а тој талент го стекнал при посета на затворите каде што ги набљудувал движењата на затворениците.

Ставил зад решетки 1225 криминалци

По некои записи, Каминада е заслужен за затворање на 1225 криминалци.

Негов најпознат случај, кој најмногу потсетува и на приказната на Шерлок, позната е како “Мистерија на кочијата“.  Во случајот се работи за две момчиња кои во текот на патувањето, едниот, кој останал во кочијата починал, а другиот се спасил бидејќи излегол од неа. Причината за смртта не била очигледна и немало многу докази, но Каминада со дедуктивно протолкување го затворил случајот. Виновник бил одреден Чарлс Партон кој ги дрогирал своите жртви пред влегувањето во самата кочија и ги ограбувал.

Вистински Моријарти

Најголемиот непријател на Каминада бил Боб Хориџ, насилен и интелигентен криминалец, а нивната приказна, која траела цели 20 години, започнува кога Каминада го приведува Хориџ поради кражба на часовник.

Хориџ за ова добил казна од седум години затоа што веќе бил осудуван и се заканил дека ќе му се одмазди на детективот.

По излегувањето од затвор, Хориџ направил свој тим на крадци и неколку пати успеал да ја надмудри полицијата. Неговиот злосторнички поход конечно завршил кога ранил двајца полицајци.

Каминада го следел до Ливерпул и тука конечно се судрил со Хориџ. Хориџ посегнал по револверот, но Каминада бил побрз и го погодил. Конечно, бил осуден на доживотен затвор.

И во животот на Каминада постоела, како и во приказната на Шерлок, една интелигентна измамничка.

Неговата “Ајрин Адлер“ се викала Алиша Ормонд, многу образована аристократка која била и извонреден фалсификатор.  Таа го фасцинирала Каминада, исто како и Адлер нашиот познат лик Шерлок, а ја привел во 1890 година., една година пред да се објави романот “Скандал во Бохемија“ во која се појавува Ајрин Адлер.

Каминада ги објавил своите мемоари по неговото пензионирање и починал во 1914 година.


Оставете коментар

___