Како што стојат работите, Бијонсе и Џеј Зи се блиску до разводот. Според пишувањето на странските медиуми, познатиот пар ќе се раздвоеле по завршувањето на нивната заедничка турнеја.
– Тие бараат начин како тоа да го сторат безболно… Ова е голема концертна турнеја и тие ќе изгубат многу пари доколку се разделат веднаш – открива извор кој е близок со парот.
Инаку брачните проблеми кај познатиот пар постојат веќе некое време. Тие станаа и очигледни кога сестрата на Бијонсе, Соланж го нападнала Џеј Зи, а како прочина за тоа било неверството на Џеј Зи.
Како што наведуваат изворите, проблемите сепак биле уште многу порано и тоа уште пред да им се роди нивната ќерка Блу Ајви Картер.


You must be logged in to post a comment Login