Додека некои ѕвезди како Гвинет Палтроу истакнуваат колку всушност нив им е потешко од ‘’обичните мајки’’ поради работата која ја работа, Анџелина тврди дека нејзе токму славата и парите значајно и ги олеснуваат работите и дека поради тоа нема право да се жали.
‘’Не сум самохрана мајка која секој ден работи две работи. Имам повеќе подршка од повеќето мажи и жени во светот. Имам и доволно пари да обезбедам дом, здравствена заштита како и храна’’, изјави Анџелина.
‘’Јас впрочем чувствувам дека жените во моја позиција немаат право да се жалат. Нека размислат за луѓето кои всушност немаат финансиска можност, намаат подршка или сами ги подигнуваат децата. Е тоа е тешко’’, заклучи таа.

You must be logged in to post a comment Login