Ана Винтур ја одби поканата за свадба на Ким и Кание, само неколку недели откако ги стави на насловната страна на своето списание и покрај бројните изјави дека старлетата никогаш нема да се најде на страниците на нејзиното списание.
Винтур била поканета на екслузивниот настан – вечера во Парис на 23 Мај, а потоа и венчавката во Фиренца еден ден покасно.
Извор близок на најпознатата уредничка вели дека таа нема да присуствува, но дека размислува фотографиите од овој настан да ги објави во наредното издание на Вог. Ова открива дека тие и понатаму се во добри односи, посебно бидејки Ким и Кание заедно со Ана дојдоа на Мет Гала минатата недела.

You must be logged in to post a comment Login