Само неколку дена откако се врати во семејниот дом во Мајами, Адријана решила повторно да го напушти.
Познатата манекенка Адријана Лима на својот инстаграм профил поделила фотографии од аеродромот на кои е во друштво со ќерките Сиена и Валентина.
Адријана не прецизирала каде се упатила со ќерките, но нејзиниот коментар секако потврдил дека си оди од Мајами.
,,Мајами збогум”, напишала таа.
Од како се разделија, кошаркарот Марко Јарич и Адријана Лима, таа беше на фестивалот во Кан, а Марко тоа време го поминал во Белград.
Во меѓувреме кошаркарот се вратил во Мајами во семејната куќа каде што уживал со ќерките, а пред неколку дена се вратила и Адријана.
Тие двајца, и покрај приказната за развод, донеле одлука да организираат заедно донаторска вечера во Њујорк на која ќе присуствуваат бројни светски ѕвезди, за помош за поплавените.

You must be logged in to post a comment Login