Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Зошто пливањето е одлична вежба?

Пливањето е совршен летен спорт, но се занемарува негово практикување и во зима. Пливањето не е резервирано само за во лето – постојат затворени базени кои можете да ги посетите во било кој период од годината; освен тоа, пливањето е одлична кардио вежба за организмот со која можете да согорите до 500 калории.

• Структурата на водата ја намалува силата на гравитацијата поради што пливањето е спорт кој не создава преголем притисок на коските и зглобовите.

• 20 минутно пливање со константен ритам и брзина е еквивалент на аеробична вежба. Со тоа, пливањето ја подобрува целокупната физичка состојба на телото, го стимулира метаболизмот и согорува масти.

• Фактот што пливањето е аеробична вежба значи дека го подобрува капацитетот на срцето и белите дробови. Силата потребна за совладување на водата ги зацврстува мускулите.

• Пливањето е одличен начин за согорување калории: еден час пливање согорува 500 калории.

• Природната положба на нашето тело е исправена, но кога пливаме, се менува во хоризонтална. Со ова се придвижуваат белодробните секрети со што се подобрува дишењето.

• Пливањето е одлична активност за болните од астма бидејќи помага во контролирање на дишењето.

• Со пливање се балансира крвниот притисок и се нормализира пулсот.

• Пливањето се усогласува со моторните функции на организмот. При пливање се активираат и горниот и долниот дел од телото, торзото и рацете, а нозете служат за одржување рамнотежа.

• Пливањето помага во зацврстување на зглобовите и го подобрува држењето поради положбата на ‘рбетниот столб. Затоа, пливањето е одлична вежба за луѓе кои имаат проблеми со ‘рбетот.

• За пливање не се потребни надпросечни атлетски способности. Тоа е спорт за секого, но истовремено е одлична рекреација.

 

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...