Пливањето е совршен летен спорт, но се занемарува негово практикување и во зима. Пливањето не е резервирано само за во лето – постојат затворени базени кои можете да ги посетите во било кој период од годината; освен тоа, пливањето е одлична кардио вежба за организмот со која можете да согорите до 500 калории.
• Структурата на водата ја намалува силата на гравитацијата поради што пливањето е спорт кој не создава преголем притисок на коските и зглобовите.
• 20 минутно пливање со константен ритам и брзина е еквивалент на аеробична вежба. Со тоа, пливањето ја подобрува целокупната физичка состојба на телото, го стимулира метаболизмот и согорува масти.
• Фактот што пливањето е аеробична вежба значи дека го подобрува капацитетот на срцето и белите дробови. Силата потребна за совладување на водата ги зацврстува мускулите.
• Пливањето е одличен начин за согорување калории: еден час пливање согорува 500 калории.
• Природната положба на нашето тело е исправена, но кога пливаме, се менува во хоризонтална. Со ова се придвижуваат белодробните секрети со што се подобрува дишењето.
• Пливањето е одлична активност за болните од астма бидејќи помага во контролирање на дишењето.
• Со пливање се балансира крвниот притисок и се нормализира пулсот.
• Пливањето се усогласува со моторните функции на организмот. При пливање се активираат и горниот и долниот дел од телото, торзото и рацете, а нозете служат за одржување рамнотежа.
• Пливањето помага во зацврстување на зглобовите и го подобрува држењето поради положбата на ‘рбетниот столб. Затоа, пливањето е одлична вежба за луѓе кои имаат проблеми со ‘рбетот.
• За пливање не се потребни надпросечни атлетски способности. Тоа е спорт за секого, но истовремено е одлична рекреација.

You must be logged in to post a comment Login