• Сподели на:

Зошто е потребно да пиете вода со лимон?

___

Ако сакате да ја промените својата навика за пиење на обична вода, а истовремено да го поттикнете вашето физичко, ментално и духовно здравје, секако би требало секојдневно да пиете вода со лимон. 

Ја чисти кожата

Една од главните причини поради која голем број на луѓе воопшто пијат и вода е за да ја прочистат кожата. Водата може да помогне во процесот на испирање на токсините со што вашата кожа ќе биде почиста, а витаминот Ц од лимонот ќе го намали ризикот од настанување на бубулици и акни, но ќе ја намали и видливоста на првите знаци на стареење.

Воспоставува pH рамнотежа

Иако лимоните се со кисел вкус, тие всушност имаат алкално делување на здравјето. Сите намирници со алкално делување помагаат во регулирање на pH вредноста, а на тој начин учествуваат во превенција од различни болести и го отежнуваат преживувањето на различни патогени во организмот.

Го зајакнува имунолошкиот систем

Уште една од одличните предноси од пиењето на вода со лимон е зајакнувањето на имунолошкиот систем. Калиумот од лимонот учествува во контрола на крвниот притисок, ја стимулира работата на мозокот и нервниот систем, а витаминот Ц му помага на телото да се одбрани од грипот и настинките. Ако патите од грип или настинка, испијте малку топла вода со лимон и мед.

Го поттикнува слабеењето

Освен што ќе ви помогне вашата кожа да остане чиста, ќе направи рамнотежа во работата на сите клетки и ќе го поттикне здравјето, водата со лимон е одлична во забрзувањето на метаболизмот. Вoдата со лимон ќе ви помогне да постигнете здрава телесна тежина бидејќи го регулира апетитот и ја спречува потребата за различни грицки. Но тоа се само дел од предностите од овој едноставен напиток.

Го ублажува мамурлукот

Кога се борите со мамурлук, водата со лимон со сигурност ќе ви помогне да се освежите. Алкалното делување на лимонот е одличен начин за да ги ублажите дигестивните тегоби и желудечните проблеми, што со сигурност добро ќе ви дојде бидејќи алкохолот го иритира желудникот. Топлата вода со лимон има антисептичко делување и ќе го поттикне детоксифицирањето на организмот.

Го освежува здивот

Водата со лимон ќе го отстрани непријатниот здив. Алкохолот, пушењето и зачинетите јадења ја сушат усната шуплина и предизвикуваат непријатен зив. Доволно е устата да ја исплакнете со малку вода со лимон или дури и да изедете кришка свеж лимон.

Го поттикнува здравјето на нервниот систем

Уште една од извонредните предности на лимонот е тоа дека содржат калиум. Адекватниот внос на калиум помага во превенција на депресијата, проблемите со помнеењето и концентрацијата. Лимонот е одличен извор на витамин Ц кој ќе ја подобри способноста на телото да се бори со стресот.

Го поттикнува здравјето на респираторниот систем

Ако чувствувате проблеми со респираторниот систем, како што се астмата или различните видови на инфекции, водата со лимон е совршен напиток за вас. Водата со лимон има одлично антибактериско делување и помага во борба против инфекциите, го олеснува искашлувањето и ги ублажува симптомите на респираторните болести. Водата со лимон е одлична за ублажување на симптомите од алергиите бидејќи ја зголемува алкалноста на телото.

Го поттикнува здравјето на дигестивниот систем

Постојат низа од предности кои ги носи водата со лимон, а една од најзначајните е позитивното влијание на здравјето на дигестивниот систем. Ако чувствувате болки во желудникот, испијте малку вода со лимон и веднаш ќе почувствувате олеснување.

Поттикнува детоксикација

Стручњаците препорачуваат секојдневен внос на намирници кои поттикнуваат детоксикација на организмот, а всушност токму тоа ќе го направи водата со лимон. Лимонот има одлични детоксикациски својства кои ќе ви помогнат во одржување на здравјето на целокупниот систем.

Го намалува слузот

Ако сте љубител на млечните производи, особено млекото, веројатно во утринските часови имате насобрана слуз во внатрешноста на усната шуплина. Еднаш кога ќе почнете да пиете вода со лимон, ќе забележите дека нивото на слуз во усната шуплина и грлото драстично е намалена.

Го намалува нивото на воспаленијата

Воспаленијата може да предизвикаат низа од здравствени проблеми. Лимонот има против воспалително делување и дефинитивно може да помогне во ублажување и превенција од воспаленија. Истражувањата покажаа дека хроничните воспаленија во телото може да го зголемат ризикот од настанок на низа од болести.

Го зголемува нивото на енергијата

Ако секој ден водите борба со попладневниот замор, почнете да пиете вода со лимон. Може да пиете вода со лимон наместо кафе или пак со кафето. Речиси веднаш ќе почувствувате зголемено ниво на енергија, а истражувањата покажаа дека и самиот мирис на лимонот може да го ублажи заморот.

Помага во одржување на здравјето на целокупниот систем

Општо гледано, водата со лимон е одличен начин за да останете хидрирани и да го поттикнете здравјето на целокупниот организам. Но, водата со лимон нема да направи чуда за вашето здравје бидејќи е потребно да се усвујат и други здрави животни навики, а лимонот може само дополнително да го подобри вашето здравје.


Оставете коментар

___