• Сподели на:

Зошто е добро да почнете да трчате?

___

Научниците тврдат дека трчањето е фонтана на младоста. Трчањето го подобрува севкупното здравје, работата на срцето, состојбата на коските и помага во согорувањето на калории. Но, не е лесно да се започне – треба добра мотивација. Овие неколку причини можат да ми помогнат да одлучите да започнете со трчање.

Ќе се чувствувате подобро

Без разлика колку лошо или добро се чувствувате, трчањето ќе направи да се чувствувате уште подобро. Кога трчаме нашето тело произведува хормон ендоканабиноид. Во 2006 година едно истражување открило дека 30 минутно пешачење го подобрува расположението кај луѓе кои страдаат од депресија. Ако немате трчано претходно, почнете со пешачење или џогирање.

Ќе изгледате подобро

Сите знаат дека трчањето согорува калории, воедно помага во слабеење, но, она што многу луѓе не го знаат е дека трчањето согорува калории и кога ќе престанеме да вежбаме – „afterburn“.

Вашето тело ќе блеска

Верувале или не, потењето ги чисти порите на кожата од сите нечистотии. Исто така, потењето не оддржува свежи и здрави.

Ќе си ја подобрите фигурата

Трчањето не само што ви помага да изгубите калории – трчањето ви го тонира телото, ви ги зацврстува нозете и стомакот.

Вашите колена ќе се зајакнат

Многу луѓе мислат дека трчањето делува негативно на нашите колена. Научниците докажале дека тоа е потполна невистина – трчањето ни го подобрува здравјето на колената. Треба само да бидете сигурни дека трчате правилно.

Вашето срце ќе биде посилно

Трчањето го намалува лошиот холестерол и го зголемува добриот. Го намалува крвниот притисок и ја подобрува циркулацијата.

Ќе станете поиздржливи

Трчањето ќе ви ја подобри издржливоста, при што вежбањето нема да ви биде толку тешко и ќе се чувствувате попродуктивно. Исто така, со трчањето ќе ја подобрите функцијата на белите дробови.

Ќе ви се подобри спиењето

Луѓето кои страдаат од инсомнија треба да престанат да примаат лекови за спиење и да почнат да трчаат. Едно истражување докажало дека човек кој страда од инсомнија обично заспива во просек за 38 минути, но кога ќе почне да трча заспива во просек за 17 минути.

Ќе бидете пофокусирани

Истражување во Велика Британија докажало дека деновите кога работниците вежбаат подобро се концентрираат, прават помалку грешки и се попродуктивни, за разлика од деновите кога не вежбаат.

Ќе заштедите пари

Ако не можете да си овозможите да одите во теретана или да си купите справи за вашиот дом – не грижете се! За трчање се доволни само еден пар патики.


Оставете коментар

___