• Сподели на:

Знаевте ли дека ова може да предизвика рак?

___

Истражувачите утврдиле дека луѓето кои користат повеќе од три пати во текот на денот течности за плакнење на устата ризикуваат да заболат од рак на устата, твредат експертите. Пишува Делји Меил.

Дејвид Конвеј, лекар од Глазговската школа за стоматологија рекол дека луѓето не би требало рутински да користат течност за плакнење на уста туку повеќе внимание да посветат на четкање и чистење на забите со конец.

Лошата орална хигиена е една од причините зошто луѓето користат течности за плакнење на устата.

Ова истражување го подржало постарото од 2009. година објавено во Австралија кое дало доволно докази дека течноста за плакнење на устата, кое содржи алкохол, допринесува за зголемен ризик од дијабетес затоа што им дозволува на супстанците кои предивикуваат рак да влезат преку слузокожата на устата многу полесно во нашиот организам.

Последната студија објавена во Журналот за орална онкологија а пример биле 1.962 лица заболени од рак но и 1.993 здрави лица во 13 центри во 9 земји.

Луѓето со лоша орална хигиена, посебно оние со протези и непца кои крварат биле под поголем ризик.

Др Конвеј рекол : Не би советувал рутинско чистење со течности за плакнење на устата“, и додал : Постојат состојби во кои лекарот препишува течност било да е во прашање лошиот проток на плунка или поради некој лек кој се користи.

„ Она што за оралната хигиена е важно правило и редовно четкање на забите со паста која содржи флуор и чистење со конец комбинирано со редовни прегледи на стоматолог“. Рекол Конвеј. Луѓето често користат течност за плакнење на устата за да прикријат мирис од цигари или алкохол или пак да ја сокријат лошата орална хигиена. Течноста за плакнење на устата треба да се користи според упатствата на произведувачот“, Се заклучоците на експертите.

 


Оставете коментар

___