Американски тим на истражувачи анализирал зошто најмногу од срцевите и мозочните удари се случуваат во раните утрински часови
Познато е дека најголемиот број срцеви и мозочни удари се случуваат токму во 6:30 часот, а стручњаците од Женската болница Бирмингем од Бостон откриле зошто е тоа така. Проучувајќи разни протеини ви крвта, заклучиле дека концентрацијата на протеинот PAI-1, кој го забавува разградувањето на крвните згрутчувања, е најмала во раните утрински часови, пишува Ordinacija.hr.
Тие се посветиле на анализа на нивото на протеинот кај 12 различни лица во период од 12 недели. Ги воочиле нивните секојдневни рутини и процениле дека и ги оценувале испитаниците кога правеле некои работи кои не се согласуваат со вообичаениот распоред на нивните активности.
„Откривме дека биоритамот допринесува за зголемување на ризикот од кардиоваскуларните случувања наутро. Ова укажува дека биоритамот предизвикува утрински врв на висината на концентрацијата на протеинот PAI-1, независно од било какво влијание од однесувањето или од средината. Утринскиот врв на овој протеин може да се објасни со штетните кардиоваскуларни случувања кај ранливи поедници“, заклучува Френк Шир, директор на медицинската програма за кронобиологија при Женската болница Бирмингем, водач на истражувањата објавени во магазинот Blood.

You must be logged in to post a comment Login