• Сподели на:

Зелен чај за подобро памтење и против деменција

___

Во текот на истражување, на волонтерите им е дадено да пијат екстракт од зелен чај пред реализација на важна задача поврзана со меморијата, а активноста на мозокот е следена по пат на магнетна резонанца и скенер.

Научниците тврдат дека зелениот чај подобрува неколку функции, особено нашата способност за памтење.

Новите сознанија исто така сугерираат дека зелениот чај може да се користи за третирање на деменцијата и други психички пореметувања.

Новото истражување, открива дека доколку се конзумира екстракт од зелен чај се подобрува извршувањето на активностите и зададените задачи.

Исто така, зелениот чај се покажал како добар при третирање на намалувањето на памтењето кое било предизвикано од психолошко пореметување.

Инаку, во текот на истражувањето на волонтерите им било дадено да пијат екстракт од зелен чај пред реализација на задачи поврзани со меморијата. Пратејќи ги активностите на мозокот по пат на магнетна резонанца и скенер, научниците утврдиле значајно зголемување на паријеталниот и гронталниот дел од мозокот.


Оставете коментар

___