• Сподели на:

За подобро здравје: Магичен утрински напиток

___

Благодетите од водата ни се многу добро познати, а пиењето на вода наутро веднаш по будењето е најдоброто нешто што може да го направите за вашето здравје, но миксот од вода, мед и лимон е нешто што не смеете да го одминете.

Бенефитите од долготрајна конзумација на овој утрински напиток се големи, може да очекувате намалена телесна тежина, зголемена енергија, прочистување на тело, делува антимикробски, помага со кашлици и настинки, зголемување на имунитетот, го забрзува метаболизмот и помага за тврда столица, смиирува и помага со лошиот здив.

Се препорачува да го пиете веднаш по станувањето, пред миењето на уста и заби. Направете го напитокот на следниов начин, во голема чаша ставете млака вода, не жешка, додајде лежичка мед и сок од половина лимон, мешајте и испијте. Во следниот час, не конзумирајте други напитоци, како кафе, чај. Подобрувањето на вашето здравје е неизбежно.


Оставете коментар

___