Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Висока перница за низок притисок

Нискиот крвен притисок не претставува закана за здравјето, но поради намалениот проток на крвта во органите не се доволно снабдувани со кислород и нутриенти. Последиците се намалување на енергија, вртоглавица и апатија. За да го спречите или барем да ги ублажите овие непријатни симптоми, експертите препорачуваат неколку практични совети кои секојдневно можете да ги применувате.

  • Ставете ја перницата под глава. Кога ќе легнете во креветот, подметнете неколку перници под главата и тилот, за преминот од лежечка во стоечка положба да не биде премногу нагло. На тој начин ќе избегнете вртоглавица.
  • Туширањето завршете го со ладна вода. Наизменично туширање со топла и ладна вода влијае на јакнење на крвните садови. Поради брзи промени на температурата тие тогаш брзо се шират и се собираат, па полесно се прилагодуваат на надворешните влијанија, да речеме на спарното време. Туширањето секогаш завршувајте со со ладна вода. Се тоа ќе биде уште подобро со сува четка ја масирате кожата во смерот на срцето.
  • Јадете помалку но и почесто. Крвниот притисок е најнизок во текот на првиот час по јадењето. Тој тогаш опаѓа затоа што на органите за варење им е потребна крв за да ја завршат својата функција. Оваа постапка ќе биде послаба ако внесете помала порција на храна.
  • Избегнувајте алкохол. Алкохолот има повеќе негативни влијанија: поттикнува исфрлање на течности од организмот, го нарушува центарот за рамнотежа во мозокот и ја успорува работата на срцето. Покрај тоа, негативно влијае и на малите нервни завршетоци кои се одговорни за стегање на крвните садови, поради кои симптомите на пореметување на циркулација се влошуваат.
  • Солете ја храната. Кујнската сол ја врзува течноста во организмот, со кој крвниот притисок малку се покачува. Силниот доручек и солените јадења ќе допринесат да се чувствувате подобро.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement