• Сподели на:

Видео: Ослободете се од болките во грбот за 2 минути

___

Во прашање е јога положба која ќе ве опушти и ослободи од болката. Доколку работата од вас бара да бидете покрај компјутерот цел ден, или едноставно седите повеќе од потребното, по некое време би можеле да почувствувате одредена непријатност и болка, најмногу во пределот на грбот.

За да се ослободите од болката, за оваа едноставна вежба од две минути ви е потребен само ремен. Во прашање е јога положба која не треба да ве загрижува доколку од прв обид не успеете да ја направите. Легнете на грбот со свиткани колена. Потоа исправете се и подигнете ја десната нога под агол од 90 степени, а ременот ставете го на стопалото и држете го така.

Доколку ви е тешко да го направите тоа, подигнете ја ногата од подот, под поголем агол, колку што можете, но внимавајте вашата нога да биде секогаш исправена. Истото направете го и со левата нога. Повторете ја вежбата, но овој пат со исправена нога на подот. Целото време обидете се да дишите длабоко, тоа дополнително ќе ве опушти. За подетални упатства погледнете го видеото.


Оставете коментар

___