• Сподели на:

Вежбање против сезонска алергија

___

Оние кои патат од сезонска алергија знаат дека поради тоа целиот живот им се менува на неколку месеци. Не само што мораат да пазат во кој период од денот смеат да одат надвор и редовно да примаат терапија и лекови, пролета за нив значи и период кога не можат да бидат многу физички активни, бидејќи алергијата им го отежнува дишењето.

Имајќе во предвид дека пролетните температури се совршени за вежбање надвор, нема ништо полошо од оние кои редовно се занимаваат со спорт. Истовремено вежбањето може да биде многу добро за вашето здравје, бидејќи колку повеќе вежбате, тоа е подобро за вашата кондиција и помали се шансите да добиете астма.

Пливањето е спорт кој се препорачува на луѓето кои патат од сезонска алергија, бидејќи подразбира влажно окружување кое прија на луѓето со астма.

И трчањето може да ви помогне, но правете го тоа рано наутро или касно навечер кога концентрацијата на полен е најмала. Носете и наочари за сонце кои ќе ве заштитат од ветерот.

Многу е важно да се истуширате одма по трчањето или било која надворешна активност, бидејќи на тој начин ќе го отргнете поленот од своето тело.


Оставете коментар

___