Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Вагинални пробеми кои можете да ги решите сами

Од различни видови на чешање, грутки, до различни видови на крварења, понекогаш помислувате дек ви треба прирачник за употреба. И поради тоа ви ги претставуваме 9те вообичаени необични вагинални пробелми кои можете да ги решите брзо.

Приметивте чудни грутки

Кој не би се исплашил поради ова?! Одеднаш се појавува нешто што никако не припаѓа овде, а може да биде што било. Коавторот и гинекологот Алиша Двек кажува како во најголем број на случаи ваквите изненадувања не се опасни. Може да биде враснато влакно или масна циста, иритација на кожата, буквално што било. Топли облоги и крем за интимна нега се дефинитивно прв чекор кон лечење, меѓутоа доколку продолжи да ве боли или ситуацијата се влошува обратете се кај својот лекар.

Непријатен мирис

Кога вие самите ќе почувствувате непријатен мирис којдоаѓа од делот на вашите препони, бидете сигурни дека нешто е наопаку. Во прашање може да биде обична инфекција или некоја бактерија, но во секој случај треба да се обратите кај лекар. Вообичаено се препорачува антибиотик кои се ефикасни доколку дојде во ваква ситуација.

Крварење надвор од циклус

Доколку приметите неколку капки крв можеби сте ја прескокнале контрацепциската таблетка па вашите хормони го поттикнале ова, но константното крварење надвор од менструалниот циклус може да биде знак на инфекција, бременост или полип на грлото на матката. Доколку крварите после сексуален однос можеби имате некаква полно пренослива болест, па треба да се тестирате за гоноерја или кламидија. Меѓутоа, доколку вашиот сексуален однос бил погруб па крварите после тоа не треба да се загрижувате, само сте се заиграле J

Чешање

Дали имате чувство дека имате мравки во гаќите? Стручњаците кажуваат дека најверојатно станува збор за некоја инфекција или бактериска вагиноза. Меѓутоа, доколку чешањето продолжи и после терапијата, може сте преосетливи на новиот сапун, купка или омекнувач. Проверете што сте промениле и најдете го решението на овој проблем.

Секрет

Голема промена во секретот претставува знак дека нешто се случува таму долу. Доколку често се појавува и има сомнителна боја, поразговарајте со вашиот лекар за ова.

Ве боли кога одите во тоалет или во текот на сексуалните односи

Тоа може да биде знак на полова пренослива болест, така да мора да одите кај лекар доколку ве боли повеќе од два дена. Доколку ве боли после сексуалниот однос голема е веројатноста дека ви треба лубрикант.

Вкочанети сте

Доколку се вкочанети “таму долу“ никако не треба да значи дека навистина е така. Можеби сте возеле велосипед? Доколку станува збор за тоа треба да вложите и да купите ново и поудобно седиште, како не би имале проблеми во иднина.

Суви сте

Сува вагина е нешто што вообичаено за постари жени, но не мора да значи. Сувоста може да настапи и после породување, доколку сте на некоја терапија или антидепресиви. Доколку имате чувство дека сте суви како Сахара купете лубрикант и посоветувајте се со лекар.

Длабоки болки

Длабоки вагинални болки, особено во текот на сексуалниот однос, може да бидат знак за ендометроза или чистење на јајниците. Кога ќе посетите лекар разговарајте за ова и би требало да направите ултразвук како би биле сигурни што се случува.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement