Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Ублажете ја гладта

Вода

Поради недостаток на течности се јавува чувството на умор и поспаност, па неретко за да ја повратат енергијата луѓето внесуваат повеќе храна. За да го спречите лажното чувство на глад, одржувајте хидратација на организмот и пијте доволно вода.

Кафе

Доколку се пие во умерени количини, кофеинот го стимулира централниот нервен систем, ја зголемува активноста на мозокот и го смирува чувството за глад.

Супа

Пилешката и зеленчуковата супа имаат многу малку калории и даваат чувство на ситост. Пилешкото месо ги дава потребните протеини и енергија за организмот, а сварениот зеленчук за кратко време за ублажува гладта.

Зобна каша

Претставува вистинско богатство на растителни влакна и низок гликемиски индекс за смирување на гладта меѓу оброци.

Ленено семе

Одличен извор на здрави масни киселини, и можете да го комбинирате со јогурт, супа, салата или парче нискокалорично сирење.

Јаболки

Богати се со растителни влакна и ја смируваат гладта. Витамините и овошниот шеќер од јаболките го спречуваат чувството на мачнина или празнина во стомакот, а со тоа и потребата да се посегне по повеќе храна.

Бадеми

Одличен меѓуоброк, доволни се шест бадеми пред оброк кои ќе ви помогат да ги намалите дополнително внесените калории.

Лисест зеленчук

Марулата, спанаќот, зелката и други видови лисест зеленчук од оваа група изобилуваат со хранливи материи, а содржат малку калории.

Ниско калоричен јогрут

Јогуртот е одличен за смирување на гладта, во некои случаи е доволен и за заменување на оброк.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement