• Сподели на:

Трикови за намалување на количините шеќер во колачите

___

Иако е речиси невозможно да замислите некој колач овој “магичен кристал”, познато е дека шеќерот има негативна последица ако се консумира во големи количини. И по линијата, но пред се по здравјето. Шеќерот денес е еден од главните виновници за дебелината, па се повеќе е популарно подготвување слатки кои може да се подготват со намалена содржина на шеќер.

За да избегнете “предозирање” со шеќер, искористете ги овие трикови кои ви ги препорачуваме.

Некои  колачи, особено оние кои се месат и печат, бараат прецизни количини на состојќи, вклучувајќи и шеќер. Сепак и кај овие колачи шеќерот може да се намали за 25-50%, а резултатите сепак да бидат валидни. Обидете се со ова решение како најочигледно, но ако не сте сигурни за успех, како визуелен, така и за непцето, прочитајте ги останатите препораки.

Наместо на еден дел шеќер во колачите, може да ставите свежо овошје – јагоди, јаболка, праски, киви, кајсии, круши, банани… Овошјето во себе содржи овошен шеќер, па со самото тоа претставува одлична замена за белиот шеќер. Покрај тоа, овошјето има хранливи материи како витамини, влакна, минерали, состојќи кои немаат трага од шеќер.

Наместо шеќер, користете мед. Ова совршенство на природата е богато со гликоза, наједноставниот вид на шеќер кој лесно се апсорбира, а за вкусот а ова златно богатство не треба да се зборува. Вкусот не се губини кога се обработува термички, па медот е одлична замена за шеќерот.

Сувото овошје е исто така одличен трик за сладост без бел шеќер. Тоа во себе содржи повисока концентрација на овошен шеќер поради дехидрација, а вкусот на суво овошје е исклучителен, само треба да го изберете она што најмногу го сакате. Суво грозје, кајсии, сливи или смокви…изборот во продавниците за здрава храна е голем, а секој вкус за себе е единствен и посебен.

Често на колачите како завршница се ставаат различни глазури и преливи кои начесто содржат доста шеќер. Запрашајте се дали ви се навистина неопходни слдниот пат кога ќе подготвувате колачиња.

Сладоста на колачот не зависи само од шеќерот. Тоа е прашање на други вкусови кои се користат и експериментирање со вкусови на ванила , какао, морско оревче или цимет е повеќе од пожелно, а резултатите се фантастични. Често токму тие ароми, колачот го прават толку вкусен, а за тоа не сме ни свесни.

Во колачите исто така можете да ставите и овошни сокови наместо шеќерни сирупи. Ова се однесува на природните овошни сокови без дополнителни шеќери и конзерванси, бидејќи природните ароми и вкусови освежуваат, зрави се и не додаваат вишок килограми.

Овошјето од конзерва , исто така е добар избор. Ако се конзервирани во својот природен сок, наместо во сладок сируп, ананас, праски, кајсии кои можат да бидат одличен извор на вкусен додаток на колачите.


Оставете коментар

___