• Сподели на:

Трик за одвикнување од опасната намирница – шеќер!

___

Често се зборува дека шеќерот предизвикува завист бидејќи го подига нивото на серотонин во мозокот, на тој начин подигајќи го расположението и ублажувајќи ја депресијата. Меѓутоа предизвикува низа на проблеми, а одвикнувањето од него предизвикува депресија, раздразливост, главоболка, немир и нервоза.

Со цел да ви помогнеме да го намалите внесувањето на шеќер во организмот и успешно да се одвикнете од слаткото задоволство кое толку многу го сакате, ќе ви дадеме неколку совети како најлесно да се решите од ова навика.

Преполовете ја количината на шеќер во утринското кафе и пијалокот

Доколку вообичаено ставате две лажичиња шеќер во кафето, од веднаш почете да конзумирате само една. После неколку дена, откако ќе се навикнете и доколку сте доволно храбри, ќе започнете да пиете кафе без шеќер!

Заменете го газираниот пијалок со свежо цедени сокови

Доколку ги обожавате слатките пијалоци, наместо лименка од својот омилен напиток помешајте сок од свежо цеден портокал и минерална вода. Доколку немате време да цедите овошје, купете овошен сок од продавница, но сепак внимавајте на него да пишува дека е 100% природен сок. Речиси 25% од вкупно внесуваните калории отпаѓаат на засладените сокови.

Мерете ја порцијата                                                           

Доколку сакате слатки задоволства, како сладолед, бомбона или гумени бомбони, секогаш покрај себе чувајте сад кој ќе ви помогне да ја измерите количината, за која претходно сте одлучиле дека е доволна.

Шеќерот заради повеќе причини се смета за дрога, а доколку го исфрлите од исхраната ќе доживеете големи промени. Ќе станете посмирени, помалку раздразливи, без драстични промени во расположението и со повеќе енергија.


Оставете коментар

___